Утрински Весник
Македонија

Студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности

20251103133021 big 730x400 68.webp.webp
Dik 300x250 mk

На Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје од  денеска до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи“ со учество на студенти од повеќе европски драмски академии.

-Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, Словачка, Турција, Србија заедно со оние на домаќините – студентите на ФДУ, соопшти ФДУ. 

Во рамки на програмата, на ФДУ ќе има и две работилници – на 6 ноември ќе се одржи работилница водена од Катржина Јебава од Академијата за изведувачки уметности во Брно, Чешка, и на 8 ноември – работилница водена од Умит Ерлим од Одделот за сценско-изведувачки уметности на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Малтепе во Истанбул.

-Годинашните Скомрахи, целосно конципирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од желбата да се откријат нови реалности и алтернативни перспективи за уметноста, театарот и човековото постоење. Под мотото „Друг свет“, фестивалот го истражува просторот помеѓу имагинарното и реалното, границите на телото, идентитетот и сцената. Скомрасите ги повикуваат сите љубители на театарот, уметноста и експерименталниот израз да се приклучат на создавањето на „Друг свет“, наведува организаторот. 

Годинашните „Скомрахи“ ќе почнат во Драмскиот театар – Скопје со изведба на „Луѓе, места и нешта” на Данкан Мекмилан од студентите на ФДУ. Сите настани се отворени за публиката, со бесплатен влез.

Целата програма е објавена на www.instagram.com/skomrahi  и www.facebook.com/skomrahi.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање