Утрински Весник
Култура

Студентската програма значаен дел од фестивалот „Преку езерото“

Студентската програма значаен дел од фестивалот „Преку езерото“

Кратките филмови „Полица“ од Матија Лукач, „Памти“ од Оља Покрајац, „Смак света“ о Маја Јанковиќ од Србија и „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски од Македонија ја отворија втората вечер на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран, како дел од студентската програма. Филмовите со својата оригиналност, луцидност, симпатичен дијалог и длабоки пораки ѝ понудија вистинско освежување на публиката.

dobivaj vesti na viber

Филмот „Полица“ е фокусиран на еден татко и син, кои склопуваат полица додека во меѓувреме на површина испливуваат социјална драма и семејните односи. Филмот пресликува едно типично балканско семејство, со балкански татко, мајка, дедо и едно бистро дете.

Во филмот „Памти“ се размотува драма за полнолетство, заснована на сценариото на Оља Покрајац и Лора Џолиќ. „Смак света“ е забавен и интелигентен детски филм за крајот на светот на Маја Јанковиќ. Група деца веруваат во веста дека на светот му се ближи крајот и избираат да го зграпчат денот на свој начин.

Студентската програма ја затвори „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски, кој вели дека филмот преку лага ја говори вистината.

– „Кажи ми дека сме за стварно“ ни покажува многу суштински работи можеби нема да се случат за 15 минути, но се случуваат во едно опширно време. Го снимив во 2020-та, кога бев четврта година на моите студии. Тој побудува многу прашања, како на пример зошто младите подоцна стапуваат во брак, зошто некои бракови се среќни, а некои не – посочи Максим, кој филмот го работел под менторство на Јани Бојаџи.

Студентската програма на одбрани филмови од националните академии за филм и телевизија од Балканот и Медитеранот е бранот на кој утре ќе пливаат филмаџиите и нивните филмови, затоа е и важен дел од „Преку езерото“.

Дел од филмскиот фестивал е и мастерклас со српскиот режисер Дарко Бајиќ, посветен на филозофијата на изборот на тема од страна на режисерот, наспроти тенденциите на наметнати теми и правила. На мастеркласот присуствуваа студенти по филм и телевизија од Македонија и студенти на ФДУ од Белград.

Вечерва во 20.30 часот почнува официјалната програма на „Преку езерото“, со иранскиот филм „Трета светска војна“. А веднаш по него почнува францускиот филм „Љубов според Далва“ во 22.50 часот.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“