Утрински Весник
Македонија

Студентите од Европа ќе се запознаат со богатиот биодиверзитет на Македонија – „Шумарски“ домаќин на голем настан во Скопје

Студентите од Европа ќе се запознаат со богатиот биодиверзитет на Македонија – „Шумарски“ домаќин на голем настан во Скопје

Здружението на студенти при Факултетот за Шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „ДРЕН Ханс Ем“ во периодот од 15 до 21 мај ќе биде домаќин на настан „Повеќе видови за подобро општество“ (More variety for better society).

dobivaj vesti na viber

Во рамки на настанот, во Скопје ќе пристигнат 60 студенти од околу 20 држави, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе се запознаат со богатиот биодиверзитет на нашата земја.

Секоја година IFSA (International forestry student association) има собири од ваков карактер кој игра значителна улога во промоција на земјата домаќин и надградување на знаењата на студентите.

Од Здружението на студентите велат дека годинава настанот требало да се одржи во Турција, но поради земјотресот дошло до промена. Тие ја презеле одговорноста да го организираат во многу кус период, иако традиционално земјата домаќин за овие средби се подготвува во текот на целата година.

„Македонија е хотспот на многу видови интересни за шумарството, а нам ни е гордост да им го претставиме на колегите од Европа. Времето за да ја организираме оваа средба беше екстремно кратко, СЕРМ се спрема 1 година, а ние направивме магија за 2 месеци“, рече Ивана Пенева, претседател на „ДРЕН Ханс Ем“.

Нејзината колешка, Надица Кремшовска, која е потпретседател на здружението рече дека СЕРМ претставува една убава средба на студентите од шумарските факултети низ Јужна Европа.

„Преку стекнување на пријателства, запознавање со колегите, остварување на контакти, се отвараат многу нови можности за надоградба на себеси и придонесување кон подобрување на шумарството и подигнување на јавната свест колку е за нас потребна и неоходна природата, за која треба несебично да се грижиме и да ја чуваме“, рече Кремшовска.

ДРЕН Ханс Ем е здружение на студенти при УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ со основна задача за промовирање на новите сознанија од областа на шумарството, пејзажната архитектура и екологијата.

Веќе две децении ДРЕН Ханс Ем е членка на IFSA (International forestry student association) и преку свој претставник активно учествува во работењето, стратешките активности и креирањето на програми на оваа меѓународна организација.

Една од редовните активности е организирањето на IFSA е одржувањето на Одржувањето на меѓународната средба SERM 2023 е поддржано од целокупниот наставно-научен кадар и Деканската управа при УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје.

Можете да прочитате

Јон Фрчкоски избран за нов директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ

Николоски: Македонија и Албанија се споени на патот кон ЕУ, но Албанија никогаш нема да стане членка

Вечерва разбојништо во Ново Лисиче: Со пиштол нападнати вработени во аптека