Утрински Весник
Македонија

Студено утро, преку денот сончево и ветровито

Vreme 6.webp.webp

Времето утрово ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.


Во Скопје утрово ќе биде претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа