Утрински Весник
Македонија

Струмичанец со пушка убил куче, полицијата го уапси

Glutnica Kucinja.jpg

На 19.01.2026 во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село. Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар.

Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Струмица.

Можете да прочитате

Куче скитник нападна четиригодишно девојче во Битола

55-годишник осомничен за обид за убиство на сопругата – пукал со пиштол во семејниот дом

Утре и задутре следува нова кратка промена на времето и врнежи