Утрински Весник
Спорт

Струга загуби поени во Автокоманда, Шкупи ја декласираше Победа

Струга загуби поени во Автокоманда, Шкупи ја декласираше Победа

Струга не успеа да издржи за победа на гости кај Скопје, одигрувајќи 1:1, во исто време кога актуелниот шампион Шкупи ја декласираше Победа со 0:6 за разликата на врвот на табелата да дојде на само 5 поени.

dobivaj vesti na viber

Во другите мечеви од 26. коло, Брегалница со 2:1 го шокираше тимот на Македонија Ѓорче Петров, додека немаше голови на мечевите помеѓу Академија Пандев и Работнички, односно Тиквеш и Силекс.

Струга поведе преку Бесарт Ибраими во 15. минута, но гостите издржаа само до 87. минута, кога Скопје израмни на 1:1,  додека во Прилеп, Победа прими пет гола во второто полувреме за голема победа на Шкупи, прва по три меча.

ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО
Академија Пандев – Работнички 0:0
Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 2:1
Скопје – Струга 1:1
Победа – Шкупи 0:6
Тиквеш – Силекс 0:0

Фото: ФК Струга

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство