Утрински Весник
Македонија

Строги казни за пешаци и возачи со телефони од денеска стапуваат во сила новите правила

Whatsapp image 2025 09 26 at 16.19.05.jpeg

Од денеска стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои пешаците и возачите ќе бидат санкционирани доколку користат мобилни телефони, слушалки во двете уши, смарт часовници или таблети за време на движењето и управувањето со возило.

Мерките важат и за возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, кои според законот за време на управување не смеат да користат електронски уреди што го одвлекуваат вниманието.


– Новите законски решенија се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила. Со новиот закон меѓу другото е предвидено и дека возачот на електричен тротинет за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови – соопштија од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Ова, како што посочуваат од Советот, значи поставување на нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот. Пешаците, велосипедистите, возачите на електрични тротинети и сите останати учесници во сообраќајот ќе мора да се придржуваат кон правилото – без користење на уреди кои го одвлекуваат вниманието.

РСБСП нагласува дека целта на ваквите законски измени е зголемување на безбедноста на патиштата, намалување на ризиците и заштита на човечките животи.

– Безбедноста на патиштата е заедничка одговорност на сите нас – апелираат од Советот.

Можете да прочитате

Петровска: Време е СДСМ да ја врати моќта кај членството

Реакција на адвокатката на Дејан Јованов – Деко: Mојот лик е злоупотребен и фотошопиран

Полицајци нападнати во Кичево додека вршеле сообраќајна контрола