Утрински Весник
Економија

Стразбур ја обврзува Македонија да ги врати долговите на јавните претпријатија во рок од три месеци

Strazburg.png

Македонија го загуби случајот во Европскиот суд за човекови права. Државата е должна да ги исплати долговите на јавните претпријатија кон приватните компании во рок од три месеци, бидејќи не се почитувани судските одлуки што станале правно обврзувачки.

Во одлуката се утврдува дека е прекршен членот 6 од Европската конвенција,правото на фер судење и извршување на судските одлуки.

Адвокатот Виктор Божиновски предупредува дека јавните претпријатија повеќе не можат да се кријат зад „средствата потребни за работа“ и ќе бидат принудени да враќаат долгови. Државните претпријатија должат над 358 милиони евра, додека вкупниот „внатрешен“ долг на институциите на крајот на март достигна 651 милион евра.

Најголеми должници се „Номагас“, Железници – Транспорт и Инфраструктура и ЕМВ. Европскиот суд нагласува дека недостатокот на буџет или ресурси не може да послужи како изговор за неизвршување на судските одлуки.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра