Утрински Весник
Македонија

Страшна сообраќајка пред ГП Богородица – има жртва

Lenta Policija 4.jpg
Dik 300x250 mk

Во Полициската станица Гевгелија синоќа околу половина час по полноќ, било пријавено дека на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од с.Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од с.Стојаково, општина Богданци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а лекар констатирал смрт. С.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат