Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа

20251013154434 big 730x400 38.webp.webp
Img 7972

Палестинските затвореници беа пречекани со воодушевување во Рамала, на окупираниот Западен Брег, денеска откако беа ослободени од израелските затвори.

Некои покажаа знак на победа со рацете, а повеќето со насмевки на лицата излегоа од автобусот што ги донесе од израелски затвор до културниот центар во градот каде што се наоѓа Палестинската самоуправа.


Тоа е неописливо чувство, преродба, изјави Махди Рамадан, неодамна ослободен затвореник, опкружен со своите родители.

За многумина, тоа е ослободување по многу години, дури и децении.

Околу стотина од нив пристигнаа во Рамала, некои од нив изгледаа гладни и со видливи повреди.

Автобуси со палестински затвореници пристигнаа и во Газа. Маскирани лица, очигледно членови на Хамас, дојдоа во болницата Насер каде што беше поставена сцена и столчиња за да ги пречекаат.

Меѓу ослободените Палестинци се наоѓаат 250 „безбедносни притвореници“, вклучувајќи многумина осудени за смртоносни антиизраелски напади, како и 1.700 Палестинци кои се уапсени од израелската војска во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа, дел од првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната предизвикана од невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израел оттогаш води кампања во Појасот Газа.

Хамас претходно денеска ги ослободи преостанатите 20 живи израелски заложници од нивното двегодишно заложништво во Газа. Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во „добра состојба“.

Се очекува да бидат предадени и телата на 28-те починати заложници, процес за кој Израел не очекува да биде завршен денеска.

Формиран е посебен комитет за лоцирање на нивните останки во урнатините на Газа.

Можете да прочитате

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа