Утрински Весник
Спорт

Стопирани преговорите со Меси и Рамос

Стопирани преговорите со Меси и Рамос

ПСЖ, во мирување ги стави преговорите околу новите договори на Лионел Меси и Серхио Рамос.

dobivaj vesti na viber

Челниците на францускиот шампион стравуваат дека повторно би можеле да се најдат на удар на УЕФА поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

ПСЖ беше казнет за сезоната 2020/21, плати казна од десет милиони евра, а остатокот од 45 милиони беше суспендиран.

Клубот се соочува со нова казна, бидејќи бележи загуба од 370 милиони евра.

Шпанскиот весник „АС“ објави дека Французите нема да можат да пријават нови играчи, а за новата сеозна во ЛШ наместо 25 на списокот ќе имаат 23. фудбалери.

Исто така, може да се случи УЕФА да го исфрли ПСЖ од европските натпреварувања за сезоната 2024/25, а тоа би значело дека клубот ќе мора да го намали буџетот за плати и тоа драстично.

Оттука, парижаните решија да ги прекинат преговорите со поранешните капитени на Барселона и Реал, Меси и Рамос.

Клубот ќе мора посериозно да се занимава со буџетот за плати и додека не се смисли нова стратегија Меси и Рамос ќе треба да почекаат.

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки