Утрински Весник
Економија

Стопанската комора со награда за Кочо Анѓушев по повод 101 година од Комората

Стопанската комора со награда за Кочо Анѓушев по повод 101 година од Комората
Dik 300x250 mk

Сопственикот и главен извршен директор на групациите „Феро инвест“ и „Централ инвест“, на компаниите БРАКО, „Грин машинс“ и РЕС, проф. д-р Кочо Анѓушев, е годинешниот лауреат на Стопанската комора на Северна Македонија за развој на извозот и за образование на кадарот за потребите на бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Стопанската комора ја доделува оваа награда во рамките на одбележувањето на 101-та годишнина на комората, што ја прави најдолговечна бизнис асоцијација во Република Северна Македонија и една од најстарите во регионот.

„Проф. д-р Кочо Анѓушев, реномиран професор на Машинскиот факултет, стопанственик и сопственик на групацијата Фероинвест и Брако, како и заменик-претседател на Комората, во своето портфолио, преку успешни деловни потези, има значајна улога во зголемувањето на извозот, но и во вклученоста во образовниот процес преку профилирање кадар за потребите на своите компании. Децениските заложби на Анѓушев за постојана модернизација и за вложување во технолошките процеси, водејќи грижа за животната средина, го даваат целосниот ефект преку остварување висока стапка на извоз. Со оглед на тоа дека во производствениот процес е детерминиран со високо напредна технологија, која, меѓу другото, главно се снабдува со зелена енергија, го прави дотолку повеќе конкурентен на меѓународните пазари, што има неспорен ефект и врз домашниот буџет“, се вели во соопштението од Комората со која се најавува наградата за Анѓушев.

Компаниите на Анѓушев кои се во метало-преработувачката индустрија и енергетиката се лидери на македонскиот пазар. Производите на БРАКО се застапени на пазарите во над 60 земји во светот, а со портфолиото на обновливи извори во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрични централи и био гасна електрана го позиционираат на лидерската позиција за производство на електрична енергија од обновливи извори и снабдување преку компанијата РЕС.

ПР

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје