Утрински Весник
Македонија

„Стоп за Усје“ повторно на блокада

0efd0998 548c 4d1b 9cef ed055dedf902.jpeg

Граѓанската иницијатива Стоп за Усје повторно излегува на улица. Тие алармираат дека воздухот што го дишат граѓаните станува сè поопасен по здравјето и животот. По првата граѓанска блокада одржана на 26 декември 2025 година, нивните барања биле доставени до сите надлежни институции, но, како што велат досега не добиле никаков одговор, ниту пак биле повикани на разговор.

„Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам“, порачуваат од иницијативата, упатувајќи јавен повик за нова мирна граѓанска блокада против загадувањето од индустрискиот капацитет „Усје“.

Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека компанијата сè уште одбива да постави мерни станици кои граѓаните би можеле самостојно да ги следат 24/7, поради што не веруваат на официјалните тврдења дека фабриката не загадува. Според нив, блокадата произлегува од итното барање „Здравјето пред профитот“, особено поради ризиците за здравјето на децата и локалното население.

Блокадата ќе се одржи на 21 јануари 2026 (среда) во 18:00 часот на раскрсница на бул. „Борис Трајковски“ и бул. „Србија“ (правец кон Усје).

Можете да прочитате

СДСМ:Техничката влада мора да остане, во моментов нема услови за укинување

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат