Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Укинувањето на КАТО-системот и креирањето системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка

Стоилковски: Укинувањето на КАТО-системот и креирањето системска мрежа за криминал со смртни последици е овозможено со силна партиска политичка поддршка

„Ова е фотографија на Нино Васев, директорот на Онкологија, кој го укинува КАТО-системот и го враќа рачното дозирање цитостатици и терапии. На оваа фотографија јасно се гледа дека е во штабот на СДС во Бутел, каде што веројатно нема медицински симпозиум, туку Васев учествува во партиска индоктринација или партиска акција“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Следната фотографија е на Нухи, директор на Онкологија, кој признава дека со лажни документи си го лекувал семејството на Онкологија. Фотографиран е во штабот на ДУИ, го држи во цврста прегратка Али Ахмети, веројатно благодарен за позицијата на Онкологија.

Почитувани, ова се само две од низата фотографии на директори од Онкологија во партиски штабови и активности додека трае грозоморието со пациентите. Најмалку две години се укажува на постоење злосторничко здружување за крадење цитостатици и други скапи лекови од пациенти на Онкологија, најмалку две години државата молкум го дозволува тоа!“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, укинувањето на КАТО-системот, а потоа и креирањето системска мрежа за криминал со смртни последици, е овозможено со силна партиска политичка поддршка! Поинаку не може. Изговорено или премолчено, СДС, ДУИ, нивните сателити во криминалот, сите се одговорни за грозоморието.

Отворено се сомневаме на можноста за влијание во истрагата и процесот, како и многупати досега.

Оставка на Владата е предуслов за вистинска истрага за висок криминал со смртни последици. Сè друго е скривање на вистината и изигрување на правдата со обвинување на некој нов кабел. Се краде од буџетот, се краде од клиниките, се краде од пациентите, се бара мито, се продава на црни пазари… Ова е сè, само не здравство, ова е сè, само не Влада! Само избори се спасот!“, додаде на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина