Утрински Весник
Економија

Стоилковски: СДС и ДУИ ја втурнаа државата во енергетска, економско-инфлациска криза, па се фалат со невидливи автопати и железници

Стоилковски: СДС и ДУИ ја втурнаа државата во енергетска, економско-инфлациска криза, па се фалат со невидливи автопати и железници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нема да бидеме злобни како СДС и нема да кажеме дека власта организира Панаѓур, како што тоа власта го оценуваше првиот дводневниот политички Саем на промените што носат иднина, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

За разлика од владата, посочи Стоилковски, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците имаа со што да се пофалат реализирајќи крупни капитални и инфраструктурни проекти во сите полиња на општественото живеење, кои го олеснуваат и го подобруваат животниот стандард на македонските граѓани.

„Со таа разлика што ВМРО-ДПМНЕ и нејзините градоначалниците имаа со што да се пофалат во само една година, со 120 милиони евра реализирани проекти, 36 милиони евра за нови булевари и улици; 20 милиони евра во водоводна и одводна инфраструктура; проекти во градинки, училишта, спортот, културата“, истакна Стоилковски.

Потенцираше дека од друга страна владата на СДСМ и ДУИ немаат со што да се пофалат, се фалат со невидливи и непостоечки автопати и железнички, а единствено ако за нив за фалење тоа што Македонија ја втурнаа во енергетска, економска и инфлаторна криза.

„За разлика, СДС и ДУИ нема со што да се пофалат, освен ако е за фалење дека ја втурнаа државата во енергетска, економска, инфлаторна криза како и со невидливи автопати и железници и дека би продолжиле во стилот “како и до сега”“, рече Стоилковски.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра