Утрински Весник
Свет

Полска ќе испрати авиони Ф-16 во Украина

Полска ќе испрати авиони Ф-16 во Украина
300x250 (7)

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полска е подготвена да испрати борбени авиони Ф-16 од американско производство.

dobivaj vesti na viber

„По ова прашање ќе дејствуваме во координација со другите членки на НАТО и со САД“, рече Моравјецки.

300x250 (7)

Се повеќе воени претставници во Пентагон тивко лобираат да одобрат испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина за да и помогнат да се одбрани од руски беспилотни летала и ракети, потврдија за „Политико“ три извори запознаени со ситуацијата.

Американските Ф-16 се блиску до врвот на листата на желби на Украина од почетокот на руската инвазија. Сепак, и Вашингтон и Киев досега им даваа приоритет на артилеријата, оклопните возила и системите за противвоздушна одбрана, поради потребата да се заштити цивилната инфраструктура, но и да се започне со ослободување на териториите окупирани од руските сили.

Но, имајќи предвид дека Украина планира да започне нова офанзива на пролет за ослободување на окупираните територии, кампањата за испраќање борбени авиони на Украинците се вжештува во американското Министерство за одбрана, претставник на министерството и уште две лица вклучени во разговорите во Пентагон, потврдија за Политико.

Во саботата, висок украински функционер изјави дека Украина и нејзините западни сојузници започнале разговори за можно распоредување на борбени авиони и ракети со долг дострел. Советник на украинската влада изјави дека темата била покрената во разговорите со Вашингтон, додавајќи дека „сè уште нема ништо сериозно“ на масата.

Еден извор на „Политико“, запознаен со разговорите меѓу Вашингтон и Киев, рекол дека „може да поминат неколку недели“ пред американската одлука за испраќање сопствен авион Ф-16 или одобрение за други земји за реекспорт на такви авиони во Украина.

„ Ако ги добиеме, нашата предност на бојното поле ќе биде огромна… Не зборуваме само за Ф-16, туку сакаме авиони од четврта генерација“, изјави за „Ројтерс“ Јури Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип