Утрински Весник
Македонија

Стојковски: Македонските граѓани треба да научат од Шпанците и да излезат на избори

Andreja Stojkovski 1.jpg

Благодарение на членството во Европската Унија и пристапот до Структурните фондови, како и благодарение на иновациите и креативноста, вложувањето во технологија, туризам и обновливи извори на енергија ја позиционираа Шпанија како една од водечките економии во Европа. Демократската трансформација го демонстрира и значењето на етиката и лидерството во тежнеењето кон подобра иднина. Адолфо Суарез во периодот на транзицијата, Фелипе Гонзалез во периодот на пристапувањето во НАТО, Педро Санчез во периодот на пандемијата и политичката поларизација, се пример за лидерство кои покажува дека успехот на Шпанија е резултат на колективната волја и напорите на нејзините граѓани да создадат општество кое не само што го цени своето историско наследство, туку активно работат на неговото подобрување и модернизација. Шпанците на повеќе избори до сега, но на овие од јули 2023 година особено, беа пример за таа посветеност и колективна волја да создадат прогресивно, подобро и модерно општество, пишува Андреја Стојковски извршен директот на Преспа институтот во своја колумна за Рацин.мк

За Северна Македонија годинешниве избори треба да бидат таков пример. Пример во кој граѓаните ќе покажат колективна волја за прогресивно, подобро и модерно општество, но и колективна свест да проценат и да разликуваат помеѓу различните понуди. Оваа пролет, изборите ќе бидат есенцијални за иднината на државата. Од повеќе причини, но, особено во контекст на нејзината европска интеграција. Повеќе од две третини од нашите граѓани сметаат дека членството во Европската Унија е најдобра опција за државава. За нив ЕУ е синоним и можност за економски развој и нови работни места, гарант за владеењето на правото и почитувањето на човековите права, како и партнер во борбата за транспарентност и одговорност. За нив, но и за сите наши граѓани патот до членството во Европската Унија е јасен. Тој минува низ уставните измени и вклучувањето на деловите од бугарската, хрватската и црногорската заедница во листата на конститутивни народи. Така пишува во Преговарачката рамка која ја усвои Советот на ЕУ, а таа не се менува. Оттаму, кандидатите и политичките партии мора да презентираат јасни и конкретни планови за тоа како планираат да го продолжат пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија – усвојување на уставните амандмани во првите три месеци од конституирањето на новото Собрание.

Од другата страна, граѓаните… Тие треба да научат од Шпанците и да излезат на изборите. Бидејќи општеството се менува низ учество, минатото се почитува, а иднината се гради. Неучеството во изборниот процес носи огромен ризик по демократијата, развојот, иднината на државата.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница