Утрински Весник
Скопје

Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз

Sto Anovski 1.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.

Стојановски како советник  од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.

„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година  од сега”, рече Стојановски.

Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.

„Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември”, и порача Стојановски на Арсовска.

Можете да прочитате

Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи

Општина Центар распиша оглас за доделување стипендии за талентирани ученици од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини

Дел од Железара денеска без вода