Утрински Весник
Македонија

Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Објавата преку која основачот на бугарската фондација „Македнија“, Виктор Стојанов, нуди 200 евра во замена за идентитетот на полицаецот од граничниот премин „Деве Баир“ повторно вратена на „Фејсбук“. „Макфакс“ контактираше со фондацијата од каде не одговараат зошто на претседателот Стојанов му е потребено името и презимето на полицаецот, а се фалат дека објавата си стои.

dobivaj vesti na viber

„Проверете го ФБ профилот на Виктор Стојанов. Објавата стои“, велат од бугарската фондација.

Објавата на Стојанов допре и до македонските институции. Министерството за внатрешни работи испратило известување до скопското Обвинителство за потегот на фондацискиот претседател.

„Со проверка на наводите и дополнителни консултации ќе биде одлучено дали во конкретниот настан има елементи за кривична одговорност согласно македонското законодавство“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.

Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“