Утрински Весник
Македонија

Стојаноска до Битиќи: Кажувавте бајки за „Едно општество за сите” а водевте вазални политики

Sto Anoska.jpg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Во вечерашното издание на емисијата  „Само Вистина” на Канал 5 ТВ гостуваше, Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, и изрази силна критика кон опозицијата во однос на критериумите при вработувањата во јавните институции.

,,Креаторот на концептот ‘едно општество за сите’ е загубен. Кога точно ве напушти?, рече Стојаноска потсетувајќи го Бетиќи на неисполнетите ветувања на СДС.

Стојаноска тврди дека СДС не може да се фали само со етничката припадност на своите членови, додека истовремено создаваат лажни наративи и илузии за единството во општеството. ,,Што толку се китите во гради? Какво ‘едно општество’ воведовте, кога всушност водевте вазални политики?”, рече Стојаноска.

“Можеби целите или намерите биле сосема други, но сведоци сме дека балансерот бил злоупотребуван. Единствениот критериум во институциите беше етничката припадност, што не само што заглави системот, туку и создаде неквалитет. Што толку ве навредува? Дали вашата горда Македонија не ви значи ништо или сакате да ги вртите тезите?”, праша Стојаноска, нагласувајќи дека моќта треба да се врати во рацете на секој граѓанин, а не во партиските структури.

Стојаноска посочи дека во никоја друга земја не е нормално етничката припадност да биде прв критериум за вработување и дека квалитетот треба да биде примарен.

 “Не е пречка етничката припадност или јазикот, туку проблем е оној кој не знае да ве услужи,” рече таа, потенцирајќи дека одлуката на Уставниот суд треба да се почитува, но дека потребата за реформи останува критична.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот