Утрински Весник
Македонија

Стојанче Ангелов ја смени фотелјата, од ЦУК оди во ДЗС

Stojamche.jpg

Досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), објави порталот СДК.

Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 жртви.


Од ЦУК за СДК.МКпотврдиле дека Ангелов ќе ја преземе директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување.

За директор на ЦУК ќе биде поставен кадар на „Вреди“, а досегашниот директор Ангелов на таа позиција беше од 2020 година.

Можете да прочитате

Шестмина уапсени за организирање нелегални борби со кучиња

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои го блокираа патот во Битола