Утрински Весник
Македонија

Стипендии за учество на летни школи по чешки јазик

Kniga Pixa.jpg

Амбасадата на Чешка во Скопје известува дека Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка обезбедува четири стипендии за кандидати од Република Северна Македонија за учество на летни школи по чешки јазик во рамки на проектот за словенски студии.

Две места се обезбедени за летната школа во Плзењ, од 5 до 25 јули 2025, и две места за Брно – од 26 јули до 23 август 2025.


Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.

Пријавата, апликацијата за пријавување и потребни информации може да се најдат на: https://www. msmt.cz/eu-and-international-affairs/summer-schools-of-slavonic-studies-2025 и на веб-страницата на нашето Министерство за образование и наука www. mon. gov. mk (конкурси).

Може да се пријават кандидати и вон конкурсот со сопствено финансирање.

Во објавата на МОН се наведени информации за документите кои треба да ги поднесат заинтересираните, начинот на пријавување и изборот на кандидатите.

Најдоцна до 5 март 2025 треба да бидат доставени апликацијата заедно со потребните документи во два примерока до: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул.„Свети Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.  Подетални информации и апликациите се достапни и на веб-страницата: http://www. mzv.

Можете да прочитате

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Судски совет: Притисокот од функционерите е дирекна закана за владеење на правото

Не само грбот, туку да се смени и химната и „20%“ за јазикот бара Касами