Утрински Весник
Македонија

Стипендии за студии во Италија за академската 2025-2026 година

20250507101149 big 730x400 82.webp.webp

Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање стипендии за македонски државјани од Владата на Италија за академската 2025-2026 година.

Како што објави МОН, кндидатите може да аплицираат за следните категории на студии во Италија: напредни курсеви за усовршување на јазикот за студенти по италијански јазик (три месеци); втор степен на универзитетски студии (две годишни постдипломски); студии за високо образование од областа на ликовната уметност, филмска и драмска уметност, музичката уметност и танцот; докторски студии и истражувачки проекти.


Подетални информации за аплицирањето се достапни на веб-страницата на Амбасадата на Италија: www.ambskopje.esteri.it и на порталот на Владата на Италија наменета за студирање во таа земја и за стипендии: https://studyinitaly.esteri.it

Апликацијата може да се симне од наведениот портал и треба да биде целосно пополнета и пратена онјалн заклучно со 16 мај 2025 (до14:00 часот). 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Нема медиум и нема новинар со кој Филипче не се скара

ВЛЕН: Пет политички субјекти стануваат едно

ЛДП гледа напред: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации