Утрински Весник
Македонија

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Images 6.jpg

По три часа заврши состанокот на раководството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во седиште во тетовска Мала Речица, каде се дискутирало за одлуката за прегласување на 22 мај на седум избирачки места за параламентарните избори. Ставот за овие одлуки на ДИК и Управниот суд, ДУИ ќе го усогласува со сите партии од Европскиот фронт најави портпаролот Арбр Адеми. – Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот „дил“. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Така што, нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок, изјави Адеми.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!