Утрински Весник
Спорт

Стартува СП во сала, Трајковски единствен македонски атлетичар

20240301082903 Big 730x400 80.webp.webp

Шкотскиот град Глазгов од денеска до недела ќе биде домаќин на 19. Светското атлетско првенство (СП) во сала кое воедно е дел од квалификациите за обезбедување норма за настап на претстојните Олимписки игри во Париз.

На СП ќе настапат над 600 атлетичари од 124 држави, а честа на македонската атлетика ќе ја брани Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина.

Трајковски во Глазгов отпатува со нов македонски рекорд, прескокнувајќи 7.79 метри на 10 февруари на Балканското првенство во Истанбул на кое го освои сребрениот медал.

Финалната серија во скок во далачеина е на програмата в сабота.

Тридневната атлетска програма ќе се одвива во Комонвелт арена во Глазгов, кој прв пат е домаќин на СП во сала, откако во 1990 и 2019 беше организатор на Европското првенство во сала. 

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига