Утрински Весник
Свет

Стармер: Манделсон го предаде Обединетото Кралство со обелоденувањето информации за Епстин

20260204144005 big 730x400 3.webp.webp

Британскиот премиер Кир Стамер денеска изјави дека Питер Манделсон го предаде Обединетото Кралство со обелоденувањето информации на Џефри Епстин, јави ДПА.

Зборувајќи во долниот дом на британскиот Парламент, Стамер рече дека Манделсон постојано лажел за својата врска со педофилскиот финансиер Епстин за време на процесот на негово назначување за амбасадор на САД.

Премиерот исто така рече дека разговарал со кралот за да го отстрани Манделсон од Тајниот совет (Privy Council), формално тело од советници на кралот, во кој членуваат поранешни и актуелни високо позиционирани политичари и носители на високи државни и владини функции.

Стармер беше дециден дека „Манделсон ја предаде нашата земја, нашиот парламент и мојата партија“, пренесе германската агенција.

„Тој постојано го лажеше мојот тим кога го прашуваа за неговата врска со Епстин пред и за време на неговиот мандат како амбасадор, жалам што го назначив“, додаде тој.

„Да го знаев тогаш тоа што сега го знам, тој никогаш немаше да биде некаде блиску до владата“, рече британскиот премиер

Манделсон се повлече од Домот на лордовите, но Стармер рече дека се подготвува закон за да се спречи да продолжи да ја користи титулата лорд.И рече дека се согласил со кралот оти Манделсон повеќе не треба да биде таен советник – што му овозможува да биде опишан како „многу чесен“ – затоа што „го оцрнил угледот на Тајниот совет“.

Документите за назначувањето на Манделсон за амбасадор во САД ќе бидат објавени од владата откога конзервативниот лидер Кеми Баденох искористи парламентарен процес за да ги побара документите.

Во среда попладне таа ќе ги побара сите документи што покажуваат како Манделсон ја добил работата во Вашингтон, вклучувајќи ги и пораките разменети со клучните личности во внатрешниот круг на Стармер, меѓу кои и шефот на кабинет, Морган МекСвини, како и високи министри, пренесе ДПА.

Премиерот се согласи да ги објави документите сè додека тие не ја загрозуваат националната безбедност или меѓународните односи, додавајќи дека Метрополитенската полиција, исто така, покренала прашања за сè што би можело да ја загрози нивната истрага за наводното лошо однесување на Манделсон на јавна функција.

Политички назначениот Манделсон беше отпуштен од својата позиција во Вашингтон во септември минатата година поради неговите врски со Епстин.

Можете да прочитате

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела