Утрински Весник
Спорт

„Старата дама“ заборави да победува во Серија А

Rabio Vs Verona.jpg

Повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус заборавил да победува ! Четврти натпревар во серија не победи во италијанската калчолигашка конкуренција и му овозоможи на конкурентот Интер да направи уште еден чекор поблиску до „скудетото“ во оваа сезона. „Старата дама“ од Торино остана без целиот плен на гостувањето во Верона каде одигра само 2:2. Избраниците на тренерот Масимилијано Алегри двапати имаа негатива, се враќаа со головите на Влаховиќ и Рабио, но не направија и резултатски пресврт. По ремито можата да ја загубат и втората позиција на табелата. ако Милан утре ја совлада Монца. Наредниот меч за „бјанконерите“ е против Фрозиноне на домашен терен на 25 февруари.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл