Утрински Весник
Свет

Стано: Присуството на протоколарен настан како инаугурацијата на Путин, не ја доведува во прашање поддршката за Украина

Stano 696x383 1.png
Screenshot

Учеството на неколку земји членки на ЕУ на еден протоколарен настан како што беше вчерашната инаугурација на новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, не ја доведува во прашање нивната поддршка за Украина, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. 

– Големо мнозинството земји членки решија не присуствуваат од повеќе причини, како што се дека Путин е обвинет од Меѓународниот кривичен суд, Путин го крши меѓународното право и Повелбата на ОН, Путин развива многу репресивен систем во Русија… Сите ние, 27 земји членки многу јасно се произнесовме за претседателските избори и кажавме што мислиме за овие т.н. избори, изјави Стано. 

Screenshot

Тој нагласи дека во исто време јасен е и ставот на земјите членки на ЕУ во однос на безусловната финансиска, економска, политичка, дипломатска и воена поддршка на Украина . 

– Така што учеството на дипломати на протоколарен настан, како вчерашниот во Москва, не е во противречност со договорената позиција на ЕУ и на 27-те земји членки за континуираната поддршка за Украина во нејзината борба против илегалната агресија што ја започна Путин, додаде Стано. 

Тој потсети дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ги повика земјите членки да не присуствуваат на церемонијата, но нагласи дека сепак одлуката за тоа дали ќе учествуваат на инаугурацијата сепак е билатерално прашање и суверено право на секоја држава.  

– Ова не е првпат ЕУ да не успее да дејствува единствено и тука нема ништо невообичаено. Сите земји што решија да учествуваат имаат свои причини за тоа и беа претставувани на различни нивоа, додаде Стано, потенцирајќи дека шефот на Делегацијата на ЕУ во Москва, како и големо мнозинство земји членки на Унијата сепак не присуствуваа на церемонијата. 

На прашање дали ЕУ го признава Путин како легитимен претседател на Русија, Стано истакна дека тоа е одлука на 27-те земји членки, а тие досега не донеле решение за непризнавање на  легитимноста на Путин, кој како што рече „седи во Кремљ и од Кремљ раководи со една од најсуровите и накрвави агресии во поновата историја на Европа“. 

Можете да прочитате

Путин наредил испраќање на два авиони, хеликоптер и 50 спасувачи во потрага на Раиси

Тројца спасувачи кои трагаа по хеликоптер на Раиси исчезнаа

Со дронови се бара хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси по тешко слетување