„Во сегашниот Закон за тутун и регулативата и позаконските акти треба да се менуваат и да се размислува за нов Закон за тутун или менување во одредени делови. Сите се сложивме дека е потребно тоа, закажано е на 19-20 февруари потсекторска група во проширен состав, во министерството состанок и да се размислува околу нови моменти, околу начинот на договарање, начинот на откуп, либерализација на откупот на тутун, производството на тутун па можеби како новост да излези и слободен извоз на тутун“ кажа директорот на Земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски.
Тој рече дека тутунарите треба да се задоволни од откупот во оваа реколта, бидејќи било пронајдено решение со кое сите страни треба да се задоволни.
„Можам да изјавам дека успеавме сите откупни претпријатија доставија анекси до инспекторатот, до сојузот на земјоделци, така што пораката до тутунарите е да бидат слободни, сигурно дека цел откупен тутун и досега ќе се плати по 365 денари и остатокот со анекси потпишани, ќе можат да си го предадат и да заврши оваа откупна реколта“ рече Станкоски.
Тој додаде дека субвенциите за тутунарите по закон се 80 денари, но Владата и премиерот најавија дека целиот тутун ќе се исплати по повисока субвенција, со што конечната сума ќе достигне над 460 денари.