Утрински Весник
Македонија

Стаменов: Македонија и Балканот имаат политичари, но фалат државници

Dad 9249 2048x1362 1.jpg

Секаде на Балканот гледаме дека национализмот и популизмот се во експанзија, рече новинарот Свето Стаменов во интервју во студиото на Слободен печат.

„Македонија и Балканот имаат полиитчари, но немаат државници. Разликата помеѓу политичар и државник е огромна. Државникот знае што ќе се случува за една, за пет, за 10 за 20 години“ посочи тој.

Според него, со влезот во НАТО, напиот територијален интегритет и суверенитет се загарантирани.

„Ние до пред само некоја година бевме пред предизвикот дали ќе опстоиме или нема да опстоиме како држава и дали некој ќе не дели или распарчува. Сега, како членка на НАТО, нашиот територијален интегритет и суверенитет е згарантиран и сега се зависи од нас“ порача Стаменов.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи