Поранешниот украински тенисер, Сергеј Стаховски преку социјалните мрежи ја објави незгодната дискусија која ја имаше со двајцата српски тенисери, Виктор Троицки и Јанко Типсаревиќ, кои се во посета на Русија.
На Троицки, кој е по потекло Русин, Стаховски му напиша: „Разочаран сум од тебе Виктор што си во Русија, но парите можат да купат се“.
„Тоа што сум во земјата на моите предци е бесценето. Ти си само Инстаграм кловн кој сака да меша спорт и политика. Ова нема врска со војната, но кога веќе споменуваш, јас и мојата земја поминавме низ тешки ср.ња, а не добивме поддршка. Те молам замолчи“, му одговори Троицки.
Сличен одговор доби и од Типсаревиќ.
„Навистина? Ајде овака, господин Инстаграм борец за слобода. Дали ти или членови на твојата е.ена фамилија бојкотираа или протестираа кога НАТО ја бомбардираа мојата земја и моето семејство пред 20 години?“, му одговори Типсаревиќ.
Стаховски постот го именуваше „Српското мислење“, иако е интересно дека на почетокот на војната во Украина, токму српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше еден од првите кои му понудија финансиска и друга помош, за што тој тогаш се заблагодари.
The Serbian opinion… pic.twitter.com/B1PBI7ZMt6
— Sergiy Stakhovsky (@Stako_tennis) December 1, 2022
Стаховски го објави разговорот со Ѓоковиќ и му е жал што Федерер и Надал „молчат“