Утрински Весник
Економија

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната

20250625142229 big 730x400 86.webp.webp

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 проценти над просечната плата. 

– Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и Парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки. Во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството, велат од ССМ.


Сојузот на синдикати бара зголемување на минималната плата на 500 евра и зголемување на сите останати плати за 6.000 денари поради зголемувањето на трошоците на живот.

Пресметките на синдикатот покажуваат дека две минимални плати се малку за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. Вредноста на минималната потрошувачка кошничка во јули изнесува 65.328 денари и во споредба со јуни е зголемена за 630 денари.

Од Владата остануваат на ставот дека зголемувањето на минималната плата треба да се реши на Економско-социјалниот совет и дека само со конструктивен разговор може да се донесе решение што Владата ќе го почитува.

Можете да прочитате

По 17 години – нови правила за одобрување возила од 1 септември

Поскапуваат горивата – 24info.mk

Прв млекомат за свежо манастирско млеко со средства од Европската Унија