Утрински Весник
Македонија

ССМ: Работниците создаваат двојно повеќе од она што го добиваат како плата

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Податоците на Меѓународната организација на трудот (ILO), кои ги посочи Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека македонските работници создаваат повеќе од двојно поголема економска вредност од она што го добиваат како плата.

Според индикаторот за бруто домашен производ по одработен час, продуктивноста во Македонија изнесува околу 34 американски долари по час, што е над светскиот просек од 23,27 долари. Пресметано на месечно ниво, со просечни 168 работни часови, еден работник создава 297.024 денари економска вредност.

Наспроти тоа, нето минималната плата во државата изнесува 24.379 денари, што значи дека работник кој зема минимална плата добива само 17 проценти од вредноста што ја создава.

Од ССМ оценуваат дека распределбата на создадената вредност е „непропорционална и неправедна“, при што најголемиот дел завршува во профит, инвестиции, амортизација, даноци и други капитални трошоци, а не кај работниците.

-Очигледно е дека обидите да се сопре растот на минималната плата не произлегуваат од продуктивноста на работниците, туку од тоа колку се богати газдите и функционерите на сметка на работничкиот труд, наведуваат од ССМ.

Можете да прочитате

Втор ден Минхенска безбедносна конференција: Мицкоски ќе има средба со Зеленски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек 

Кавадарчанка измамена за за 180.000 денари