Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација” Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски.
„В.д Директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Марјанче Митовски продолжува со своето шерифско однесување и утринава спротивно на Закон и колективен договор му дал отказ на претседателот на Синдикатот во Водовод и канализација Скопје што е преседан во работењето имајки во предвид дека в.д директорот е непресметлива личност , со конфликтна состојба на работа, со лоши мисли, кој смислил дека како одговор на најавениот штрајк во ЈП Водовод и канализација сега е моментот да му даде отказ на претседателот на синдикатот Кашиковски“, велат од Сојузот на синдикатите.
Се додава дека согласно Закон и колективен договор на претседателот на синдикат не може да му се даде отказ, особено поради тоа што во моментот се спроведува постапка за штрајк и ваквиот притисок е порака за работниците да бидат послушници на Митовски, кој веќе и им испраќаше и заканувачки пораки на сите работници кои сега се остваруваат и покрај предупредувањето од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ што беше и едно од главните барања за разрешување на в.д директорот”, пишува во соопштението од ССМ.
„Отказот е даден поради тоа што конфликтниот Митовски лошо смислил дека работникот Стојанче Кашиковски е должен да извршува работни задачи и обврски за време на годишен одмор, а единствено одговорно лице кај правното лицесогласно Статутот на ЈП Вододовод и канализација Скопје за извршување на тие задачи бил токму Митовски“, се наведува во реакцијата.
Од ССМ бараат итна седница на Управниот одбор кој како второстепен орган во претпријатието е надлежен да одлучува по приговори и жалби и да се укине решението за изрекување на дисциплинска мерка – престанок на работен однос. Од Управниот одбор бараат да утврди и зошто Митовски не ги спроведува нивните одлуки.