Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ССКМ ја зацврстува регионалната лидерска позиција: Тимот на ССКМ предводен од Претседателот Ѓорѓиевски на конференцијата ФИННО во Будва

Sojuz na stopanski komori ssk.jpg
Dik 300x250 mk

Делегацијата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), предводена од новиот Претседател, г-дин Горан Ѓорѓиевски, учествуваше на стратешкиот економски регионален настан ФИННО во Будва, Црна Гора, кој се одржа од 15-17 октомври 2025 година.
Под лидерство на Претседателот Ѓорѓиевски, ССКМ ја истакна својата посветеност кон одржливи иновации и зајакнување на врските меѓу Западен Балкан и Европската Унија.

Клучни теми и стратешки заклучоци од конференцијата :


Тродневниот настан вклучи две суштински конференции, со фокус на иновации и финансирање. Првата конференција, ФИННО (организирана од ЕЕН), беше посветена на:
• Одржливи иновации: Како да се интегрираат зелените и дигиталните решенија во реалниот сектор.
• Можностите за финансирање: Отворени можности за обезбедување капитал за иновативни проекти.
• Креирање конзорциуми: Истакната е потребата од креирање конзорциуми како директна акција за стратешка поврзаност на земјите од регионот со западноевропските партнери.
На панелите, претставниците на бизнис заедницата, академските институции и креаторите на политиките (stakeholder) отворено ги адресираа системските проблеми кои го попречуваат развојот:
• Демографски предизвици: Намален наталитет и алармантен одлив на мозоци (brain drain).
• Образование и менталитет: Потреба од промена на образовниот процес и надминување на менталитетот на не преземање ризик и недостаток на глобална визија.
• Комплициран процес за пристап до финансии
На конференцијата беа споделени и податоци од стратешката студија изработена од членката на ССКМ, СТРАТУМ РИД, за иновацискиот екосистем на Западен Балкан (од претставникот на RCC (Регионалниот Совет за соработка, Евиси Коплики). Оваа студија ќе служи како стратешки патоказ за идниот развој и помагање на регионот да фати чекор со технолошките решенија.

„Нашето присуство овде ја потврдува нашата посветеност на активна регионална соработка. Само преку синергија на националните економии и заеднички стратегии, можеме да ја обезбедиме глобалната конкурентност на нашите компании. ССКМ ќе биде движечка сила во овој процес, обезбедувајќи нашата бизнис заедница да го фати чекорот со европските иновативни трендови”, изјави претседателот Ѓорѓиевски.

Учеството на највисоко ниво ја зацврстува позицијата на Сојузот на стопански комори на Македонија како лидер во застапувањето на интересите на македонската бизнис заедница во најважните европски и регионални процеси.

Можете да прочитате

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

Студентка била снимана додека се туширала во студентски дом, полицијата го уапсила манијакот

„ХУМОРОТ Е КИСЕЛ, БАЛКАНСКАТА РЕАЛНОСТ НЕПРОМЕНЕТА” – „НАРОДЕН ПРАТЕНИК” НА МНТ СО ОВАЦИИ ВО БРЧКО