Утрински Весник
Балкан

Српскиот омбудсман изјави дека е завршен закон со кој ќе се забрани употреба на мобилни во основните и средните училишта

Mobile e1754659439148.jpeg

Омбудсманот на Србија, Зоран Пашалиќ денеска изјави дека таа институција завршила предлог закон со кој ќе се забрани употребата на мобилни телефони во основните и средните училишта.

– Пред да го објавиме тој закон, им дозволуваме на младите луѓе, на оние за кои е наменет, да го коментираат. Кога ќе ги дадат своите забелешки и кога ќе ги внесеме тие забелешки во законот, ќе го објавиме, рече Пашалиќ.

Во изјава за медиумите, тој додаде дека за десет дена ќе се одржи состанок со Панелот на млади советници, од каде се очекуваат коментари и забелешки на законскиот предлог.

Можете да прочитате

Камион прегази 33-годишна девојка на автопат во Хрватска

Сообраќајот на граничниот премин ,,Евзони” е нормализиран

Бугарската опозиција ПП–ДБ поднесува барање за гласање недоверба кон Владата