Утрински Весник
Свет

Српскиот министер за образование си поднесе оставка: Ова цел живот ќе ми бидат печат на душата

Српскиот министер за образование си поднесе оставка: Ова цел живот ќе ми бидат печат на душата

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ денеска поднесе неотповиклива оставка до премиерката на Србија Ана Брнабиќ, соопштија за Танјуг од Министерството за образование.

dobivaj vesti na viber

Во писмото што го испрати до премиерката, Ружиќ уште еднаш „со неискажлива болка им изразува најдлабоко сочувство до најблиските на жртвите“ и додава ангелчињата да почиваат во мир и Господ нека ни е на помош вакво нешто никогаш да не се случува повторно.

– Драматичните слики од настаните од училиштето, солзите пролеани при изразување на сочувство до неутешните родители на настраданите деца, ќе ги носам како печат на мојата душа до крајот на животот – вели Ружиќ во писмото до премиерката.

Тој утринава положи венец и се потпиша во книгата на жалост во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза