Утрински Весник
Македонија

Средба Сиљановска-Давкова – Пленковиќ:  Одличните билатерални односи се засновани на меѓусебна почит и доверба

Foto 1 1.jpeg

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи засновани на меѓусебна почит и доверба, интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сферите од заеднички интерес.


Претседателката посочи дека нов импулс во соработката, но и доказ за искреното пријателство е иницијативата на македонската влада за склучување на Договор за стратешка соработка со владата на Република Хрватска.

Сиљановска-Давкова изрази благодарност за цврстата и континуирана хрватска поддршка за македонскиот евроинтеграциски процес. Таа го поздрави ставот на Хрватска за потребата од брзо проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, врз основа на реални заслуги во остварувањето на Копенхашките критериуми.

Можете да прочитате

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски

Стефановски: Блискиот Исток е темпирана бомба со глобални последици

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја