Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

1000045634.jpg
Dik 300x250 mk

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

MK Summit

На средбата вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти. 


Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од  унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна Амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на  интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Можете да прочитате

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”