Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Mickoski 2.webp.webp

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:

„Да, очекувам. Инаку имаме ниво на јавен и државен долг во однос на бруто домашниот производ којшто е најнизок во последниве пет години. Односно јавниот долг е некаде околу 57,7% од бруто домашниот производ, а додека пак државниот е 50,1%. Како Влада имаме јасна стратегија, до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55%, зошто да не и под 50%, а државниот да биде под 45%, зошто да не и под 40%.


Но, она коешто за мене е исто така важно е да номиналниот бруто домашниот производ биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат, очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели, во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сум сигурен, бидејќи како што кажав во месеците коишто следат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани.”

Можете да прочитате

Просечната нето плата во март 44 763 денари, во однос на лани повисока за 10.5 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе овозможи силен инвестициски циклус

Германска бизнис делегација на средба во Стопанската комора