Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерот Николоски со австрискиот амбасадор Памер

1000037880.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска остави работна средба со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. 

На средбата се потврдија добрите билатерални врски меѓу двете земји, со посебен акцент на развивање на економските односи.


Вицепремиерот Николоски ги презентираше условите за инвестирање во земјава, притоа на средбата се разговараше и за повикот на нови авиолинии што Министерството за транспорт го објави како и за можноста за дополнително поврзување меѓу двете земји.

Исто така вицепремиерот Николоски ги презентираше и плановите за реализација на крупни капитални проекти во делот на патната и железничката инфраструктура и ја искористи можноста да ги повика сите квалификувани компании да учествуваат на јавните повици. 

” Остварив одлична средба со амбасадорот Памер. Ги презентирав нашите инвестициони планови за развој на инфраструктурата на коридорите 8 и 10. Имаме одлични односи со Австрија и во духот на тие односи соработката меѓу двете земји продолжува” истакна по средбата вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Можете да прочитате

Рудар тешко повреден додека извшувал работни задачи

Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен 

ВРЕДИ: ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција