Утрински Весник
Македонија

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал

Mg 4795.jpg

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал.

Затекнатата состојба во Министерството за односи меѓу заедниците, клучните прашања, приоритети, како и идни планови и евентуалната соработка со ОБСЕ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава, беа тема на разговор на средбата на која вицепремиерот и министер Стоилковиќ ја истакна важноста од комуникацијата со меѓународните заедници од причина што, како што рече, за помалите етнички заедници не постојат подобри адреси. 

Потпретседателот и министер Стоилковиќ го запозна амбасадорот Вал со што се соочувал во изминатите 100 дена од формирањето на новата Влада и стапувањето на функцијата, но посочи и што е направено во овие 100 дена.

„Од злоупотреби на функцијата до злоупотреби во функционирањето за што постојат докази, но она на што сум горд е дека кога ќе се воспостави ред сѐ се може”, рече вицепремиерот и министер Стоилковиќ и истакна дека е задоволен што веќе е поднесена иницијативата за промена на законот за јазиците на помалите етнички заедници, како и дека е направен стратешки план со кој во следната година ќе им се посвети внимание на помалите етнички заедници. 

„Нашата соработка со Министерството за односи меѓу заедниците во минатото беше ограничена, но сега сум фокусиран на иднината и мислам дека постојат реални можности за нејзино продлабочување. Треба да ги засукаме ракавите и да се фокусираме на работата со сите етнички заедници”, порача амбасадорот Вал и уште еднаш нагласи дека кон ОБСЕ треба да се гледа како на партнер. 

Заклучокот на двајцата соговорници кои меѓу другото зборуваа и за политичките и економските прилики во земјава и важноста на брзите пруги кои, како што истакнаа, се своевиден мировен проект, беше и дека промената на перцепцијата и заштитата на етничките заедници кои, за жал, се чувствуваат заборавени и можеби не ја чувствуваат државата како своја треба да е заеднички приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците и ОБСЕ, а, како што нагласи амбасадорот Вал, нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од ОБСЕ.   

На крајот од средбата потпретседателот и министер Стоилковиќ уште еднаш ја истакна важноста на состанокот по кој се испраќа важна порака до помалите етнички заедници, кои треба да го добијат местото што го заслужуваат и во земјата во која живеат да се чувствуваат како рамноправни граѓани. 

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор