Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“

Средба на претседателот Пендаровски со учесниците на конференцијата „Зелена агенда за Западен Балкан“
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер ги прими учесниците на конференција на високо ниво „Зелена агенда за Западен Балкан“, што во организација на институтот Аспен од Германија се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со програмата и целите на конференцијата, насочена да понуди платформа за учесниците од Западен Балкан, Германија, ЕУ, САД, како и меѓународни и регионални организации да разговараат за потенцијалите на зелената агенда за Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски, поздравувајќи го одржувањето на конференцијата, истакна дека во време кога се соочувме со енергетска криза и економски турбуленции, не смееме да заборавиме на зелената агенда. Претседателот оцени дека конференцијата е добра можност за дискусија и идентификување на главните предизвици и потенцијали на регионалната соработка, како фактор за стабилен и просперитетен регион, и потребата од нејзино постојано унапредување. Важен аспект во тој контекст, според претседателот, е перспективата за интеграција на регионот во Европската Унија.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!