Утрински Весник
Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Foto 3 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер.

На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи, при што беше оценето дека двете држави негуваат пријателски и партнерски односи, преку нивен развој во повеќе сфери од заемен интерес и во таа насока претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата подготвеност за време на нејзиниот мандат да придонесе за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија. Таа посочи на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската Комисија.

Aмбасадорот Памер упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

Можете да прочитате

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност