Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Вал

1 13.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. На средбата беше потврдена долгогодишната соработка со ОБСЕ во различни области, при што беше изразена поддршка за напорите на Организацијата насочени кон зајакнување на соработката и одржување на мирот во регионот на ОБСЕ.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу ОБСЕ и македонските институции, и ја потврдија подготвеноста за нејзино продолжување. Тие разменија мислења и за тековните активности на Мисијата и заеднички ја реафирмираа посветеноста на продолжување на проектите кои ги поддржуваат реформските процеси на новата Влада.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија