Утрински Весник
Македонија

Средба на Муцунски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос

Whatsapp image 2026 03 23 at 15.55.23.jpeg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда.


Во таа насока, беше поздравен и напредокот во повеќе иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните и економијата, како пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА) и активностите за усогласување со роаминг правилата на ЕУ.

Во разговорот беа отворени и повеќе други актуелни прашања од делот на секторската соработка со Унијата, со фокус на економската интеграција и поврзаноста.

Претходно во текот на денот, министерот Муцунски одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмираше посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Муцунски направи пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес, нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки.

Можете да прочитате

Штипскиот ЗОО парк „Бриони“ со нови жители: Лемури, волк и виетнамски прасиња пристигнуваат пред Велигден

Министерството за здравство со нов модел за ретки болести: Заштеди од илјадници евра и стабилна терапија

Мицкоски: Во мај или јуни реконструкција на Владата