Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Муртезани со норвешката амбасадорка Мелсом

Murtezani Melsom.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Кралството на Норвешка во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кристин Мелсом.

Пристапните преговори, Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, билатералните односи и случувањата во земјата беа во фокусот на разговорите на денешната средба.

Министерот Муртезани изрази благодарност до амбасадорката Мелсом истакнувајќи дека иако Норвешка не е земја-членка на ЕУ,  таа е важен пријател и поддржувач во спроведувањето на приоритетите и стратешките цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ, што се гледа и преку Нордиската поддршка за напредокот на Северна Македонија, проект кофинансиран од Норвешка и Шведска, а имплементиран од УНОПС Скопје. Проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ го поддржува Министерството за европски прашања во одредување и приоретизирање на техничката помош која е потребна за пристапните преговори со ЕУ и во насочување на експертизата во критичните реформски области.

Преку овој проект беше дадена значителна поддршка во однос на координативната улога на институцијата во контекст на евроинтеграциите, градење капацитети, надградба на ИТ инфраструктурата и Центарот за обука, превод на законодавството на ЕУ од англиски на македонски јазик и обратно.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на билатералните односи и одржување на координации со Норвешката амбасада за ефикасно и добро насочено спроведување на билатералната развојна соработка.

Можете да прочитате

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување

Петти конгрес на ДУИ – Ахмети бара „извршен Бадентер“ при избор на Влада и целосен ветинг со меѓународен надзор

Хорор во Битола: Ја удирал вонбрачната партнерка со столица по телото, лицето и главата, па потоа ја силувал