Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер

Misajlovski Presker 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Денеска во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер и новопоставеното одбранбено аташе  полковник Бенсад Шиниковиќ.

„Изразувам огромна благодарност до вас и до вашата држава која повторно, несебично и во најбрзо време одговори на нашиот повик за помош за справување со пожарите”, рече министерот Мисајловски.

Одбранбена соработка меѓу двете земји во континуитет  е во нагорна линија, а со потпишувањето на новиот билатерален договор се создадени услови за проширување и надградување на постојните области на соработка, беше потврдено на денешната средба.

Амбасадорот Прескер нагласи дека Словенија изразува јасна поддршка за нашето членство во ЕУ и дека се подготвени да помогнат во реформските процеси.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија