Утрински Весник
Македонија

Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник

462446083 1140593000755958 8667297511033778178 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски, кој во Дубровник учествуваше на Самитот посветен на Украина, се сретна со претседателот на Украина Володомир Зеленски.

– Остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Во состав на македонската делегација беше и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Самитот „Украина-Југоисточна Европа“ го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Ова е трет самит организиран во овој формат. Првиот беше организиран во август 2022 година во Атина, а вториот во февруари годинава во Тирана. Главната цел е искажување на солидарност и поддршка на Украина

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата