Утрински Весник
Македонија

Средба Муцунски – Емери – 24info.mk

2.jpeg

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

Министерот Муцунски го запозна соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзување на евроинтегративните реформски процеси. 

Соговорниците разменија мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра многу важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата беа дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и  соработката во други области од заеднички интерес, како и прашања поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми.

Можете да прочитате

Почина 24-годишен скопјанец, пронајден во семејниот дом во Скопје

Петровска: Бев, сум и ќе бидам СДСМ, Разговорите за Македонија се за доброто на СДСМ и Македонија

Голем пожар во центарот на Скопје, густ чад се издига над Јужен булевар